Железничката компанија „Евростар“ предупреди денеска патниците да не патуваат до и од Париз, ако тоа не е потребно по прекинот на струјата во станицата Гар ди норд во францускиот главен град.
– Сообраќајот во и надвор од Париз е сериозно нарушен – се вели во соопштението на компанијата.
Портпаролот на „Евростар“ изјави за „Ројтерс“ дека Гар ди норд има проблеми со каблите на еден од пероните.
Исто така, услугите на „Евростар“ се нарушени и во Брисел по воведувањето на ограничување на брзината поради топлотниот бран.