Фрнцуските медиуми денеска јавија дека починал Жак Ширак, поранешниот претседател на Франција. Тој имаше 86 години.
Беше претседател на Франција во два мандата, во периодот од 1995 до 2007 година. Во негово време Франција го прифати еврото како валута.
За една од неговите најголеми реформи се смета скратувањето на претседателскиот мандат од седум на пет години.