Поранешниот претседател на Перу Алберто Фуџимори и тројца министри за здравство од неговата администрација обвинети се за присилна стерилизација на 2.116 луѓе, соопшти здружение за правата на жените.
Фуџимори, кој издржува 25-годишна затворска казна, е обвинет дека во периодот од 1996 до 2000 година, биле стерилизирани 272.028 жени и 22.004 мажи, од кои во 2.166 случаи постапката е извршена без согласност на оштетените или без да им бидат дадени соодветни информации. Станува збор за припадници на сиромашната заедница Кечуа.
Во рамки на истрагата, која се води веќе 14 години, е утврден и најмалку еден случај во постапката за стерилизација што завршил со смрт и неколку случаи кои резултирале со штетни последици по здравјето.
Покрај Фуџимори, обвинети се и поранешните министри Марино Коста, Едуардо Јонг и Алехандро Агуинага.