Папата Франциск ги откажа сите јавни настапи поради епидемијата на новиот коронавирус.
Како што соопшти неговата служба, папата ќе им се обраќа на верниците преку Интернет, пренесе „Ројтерс“.
Ватикан соопшти дека папата утре нема да им се обрати на верниците од прозорецот со поглед кон црквата „Свети Петар“, ниту во среда.
Како што се наведува, ова е првпат 83-годишниот папа да ги откаже јавните настапи откако беше назначен на функцијата.