Унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ понуди на Западна Европа, доколку сака, отворање коридор за илегални мигранти.
„ Ако ви требаат, земете ги“, изјави Орбан во интервју за унгарското радио.
Тој оцени и дека мигрантите „увезуваат“ различни видови на коронавирусот во Европа. Како што појасни, миграциите прават пандемијата да се шири побрзо преку мигрантите, пренесува МТИ.
Орбан додаде дека Унгарија е подготвена да отвори коридор за мигрантите кои одат во Австрија, Германија и Шведска и одби да му дозволи на Брисел да го наметнува своето мислење на Унгарија.
„ Останува на Унгарците да одлучат кому да му биде дозволен влез во земјата и со кого сакаат да живеат“, заклучи тој.