Еден турски полицаец е убиен, а еден војник е повреден во денешната операција врз Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточна Турција, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“, повикувајќи се на извор од турските безбедносни сили.
Весникот наведе дека синоќа турските безбедносни сили започнале опрерација против ПКК на планината Кавал, бидејќи, како што истакна весникот, курдските бунтовници планирале напад.
Во операцијата, девет курдски бунтовници биле неутрализирани откако врз нив биле нанесени удари од беспилотни летала.
Весникот посочи дека операцијата сè уште не е завршена.