Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска изјави дека нема да поднесе оставка со цел да избегне одложување на брегзит по октомври.
Џонсон ветува дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ со или без договор, и покрај тоа што Парламентот усвои закон со кој бара од него да го продолжи рокот за брегзит доколку пратениците не го усвојат договорот, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Британскиот премиер неодамна изјави дека подобро ќе биде да лежи мртов во некој ров отколку да бара одложување.
На прашање од Би-би-си дали ќе си поднесе оставка за да не мора да бара одложување, тој одговори дека нема да го стори тоа.
– Јас презедов да ја водам партијата и мојата земја во тешки моменти и ќе продолжам да го правам тоа. Верувам дека тоа е моја одговорност – истакна Џонсон.