Францускиот државен секретар за европски прашања, Клемон Бон, денеска изјави дека на британските државјани по брегзитот, можеби ќе им бидат потребни визи доколку сакаат да останат во Европската Унија подолго од три месеци.
Бон додал дека сè уште се преговара за оваа идеја, пренесе „Ројтерс“.
На британските туристи ќе им биде забранет влез во Европската Унија поради сегашните ограничувачки мерки поради коронавирусот. Европската комисија посочи дека Велика Британија нема да биде исклучок, пренесува „Гардијан“.
Само неколку земји со ниска стапка на инфекција со коронавирус се ослободени од правилата што забрануваат влез на посетители што не се од голема важност надвор од ЕУ и Европската економска област (ЕЕА), а Британците може да патуваат само до крајот на преодниот период на брегзитот, односно до 31 декември.