Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му порача денеска на рускиот претседател Владимир Путин дека снабдувањето на „неодговорни играчи“ со напредни оружени системи ќе ја зголеми опасноста во регионот.
Во соопштението од Кабинетот на Нетанјаху дека во телефонскиот разговор направен набрзо откако Русија соопшти дека за две недели ќе ја снабди Сирија со ракетни системи земја-воздух С-300, израелскиот премиер рекол дека неговата земја ќе продолжи да ги штити сопствените интереси и безбедност.
Претходно Кремљ соопшти дека Путин и Нетанјаху разговарале за распоредувањето руски антиракетен штит С-300 во Сирија.
Кремљ посочи дека Путин на Нетанјаху му рекол дека ваквиот потег на Москва има за цел да ги заштити руските војници.