Секој што ја следел внатрешната политика на Европската Унија во изминатите неколку години, ќе знае дека блокот кој зависи од единството и заемното почитување на правилата имаше потешкоии да постигне единствен став за повеќе важни прашања, наведува „Си-ен-ен“.
Кавгите меѓу лидерите на политичките институции на ЕУ доведоа до мислењата на критичарите според кои функционерите во Брисел им даваат приоритет на своите кариери и личната мож во однос на интересите на европските граѓани.
Во време на пандемијата и на геополитичките цели, како што е Авганистан, отвореното неединство го соочува европскиот блок со серија фундаментални проблеми за кои нема јасни решенија.
ЕУ не се соочува со распаѓање, но се поставува прашањето на долгорочните цели и легитимитетот, особено додека голем број од поддржувачите на Унијата укажуваат на практиката на ставање на личните интереси пред проблемите со кои се соочува европскиот блок.
– Толку многу луѓе кои работат на нивото на ЕУ станаа опседнати со расправиите за начинот на функционирање на ЕУ и за прашањето кој би требало да има моќ, наместо да ја оспособат Унијата за 21-от век – вели Нил Ричмонд, кој претходно ја претставуваше Република Ирска во Брисел.
ЕУ треба да верува дека сите членки делуваат во добра волја, што станува особено тешко додека трае расправијата за владеењето на правото, како што наведува „Си-ен-ен“, истакнувајќи ги унгарските блокади за резолуциите во Европскиот совет, кои се сметаат дека придонеле за создавање на недовербата меѓу членките. Згора, ново горливо прашање за ЕУ сега претставува прифаќањето на бегалците од Авганистан.
– Ако ЕУ е сериозна за нејзините амбиции да биде голема сила на светската сцена и да зачекори на местото каде што Америка се наоѓаше претходно, тогаш треба сите нејзини членки да бидат на иста страна и да играат според истоте правила. Колку подолго постојат поделбите, толку ќе се зголемува недовербата помеѓу земјите-членки. Во одреден миг, дистанцата можеби ќе стане преголема – заклучува „Си-ен-ен“.