Началникот на Генералштабот на израелската војска генерал-полковник Гади Ајзенкот изјави дека нема индикации оти некоја соседна држава се подготвува за војна против Израел.
Тој предупреди дека серијата настани, како иранското присуство во Сирија, се поголемата самодоверба што ја покажува Хезболах и неизвесноста на палестинската политичка сцена би можела да доведе до неочекувана ескалација.
– Израел има најзначајна стратешка предност во однос на потенцијалние противници, што му дава сила без преседан во последните 70 години. Тоа го сфаќаат нашите противници – истакна Ајзенкот.
Неговата изјава уследи откако тројца американски претставници посочија дека Израел се подготвува за војна со Иран.
– Блиски Исток е буре барут, но нивната оценка најмногу се однесува на Палестинците – посочи Ајзенкот.
Тој осврнувајќи се на кризата во односите со Иран и острите настапи на политичарите во Ерусалим и во Вашингтон, наведе дека „не гледа индикации“ дека Техеран не ги исполнува обврските.
– Сепак, претпоставуваме дека Иран би можел да работи тајно. Доколку нешто се смени, ќе знаеме. Во овој момент, Договорот со Иран функционира со сите недостатоци и ги пролонгира иранските нуклеарни проекти за десет до 15 години – потенцира генерал Ајзенкот.