Најмалку седум ученици го загубија животот, а 12 се повредени во напад на маж вооружен со нож во средно училиште во северна Кина.
Напаѓачот е уапсен и засега не е познат мотивот за нападот што се случил во школо во покраината Шанси на север во државата.
Повредените деца се хоспитализирани.
Германската агенција ДПА и британски медиуми јавија дека нападот се случил во близина на училиште додека други агенции и медиуми јавија дека се случил во училиштето.
Во јануари 2017 година маж со нож рани 11 деца во градинка во кинеската автономен регион Гуанжи Жуанг.