Додека претседателот Доналд Трамп и неговиот ривал во трката за Белата куќа, демократот Џо Бајден влегоа во финишот на изборната кампања, рекордни 90 милиони Американци веќе гласаа за претседател на САД.
Досега, можноста за рано гласање ја искористија 65 отсто од вкупниот број гласачи кои излегоа на изборите во 2016 година, а таквата голема излезност пред самите избори го потврдува големиот интерес на Американците за овие избори.
Покрај тоа, стравот од ширење на коронавирусот, исто така, придонесе за голем број граѓани да одлучат да гласаат по пошта или на избирачките места со цел да избегнат гужви на денот на изборите, на 3 ноември.
Најновото истражување покажува дека Трамп насекаде заостанува зад Бајден, освен во сојузните држави што носат голем број електорски гласови.
Официјални лица во голем број американски држави објавија дека пребројувањето на гласовите добиени за време на предвременото гласање може да трае со денови по изборите на 3 ноември.