Германската канцеларка, Ангела Меркел, ќе ја посети Москва следниот петок (20 август) и ќе се сретне со рускиот лидер Владимир Путин, соопшти денеска официјален Берлин.

Во соопштението се наведува дека канцеларката ќе ја посети и Украина два дена подоцна.

Засега не се објавени други детали за нејзината посета.