Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека големата германска коалиција го поддржува изборот на водечки кандидат на неодамна завршените европски избори на местото претседател на Европската комисија.
Меркел, пред состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел, ја потврди својата поддршка за Манфред Вебер, лидерот на Европската народна партија (ЕПП), за прв човек на Комисијата.
Германската канцеларка нагласи дека е во прашање првата и општа размена на мислења за назначувањата за водечките позиции во ЕУ.
Меркел рече дека има доволно време до јунскиот самит на ЕУ за да се разговара за ова.