Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ја повика опозицијата на дијалог за да дојде до национално помирување.
– Го повторувам својот повик за национален дијалог, поради мир. Следната недела ќе имам добри вести за резултатите од нашите преговори. И понатаму инсистирам да биде основано трајно тело за дијалог за мир – рече Мадуро, пренесе „ТАСС“.
Тој порача дека е време да се престане со ширење на теории на заговор, повика на воена интервенција и укинување на санкциите врз Венецуела.