Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро синоќа изјави дека двајца негови претставници заминале во Норвешка за да испитаат дали постои можност за дијалог со опозицијата.
Тие се сретнале во Осло со норвешките медијатори за излез од кризата во Венецуела.
Во Норвешка допатувале и претставници на венецуелската опозиција, но делегациите немале директни разговори.