Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро му се закани на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо дека „порано или подоцна“ ќе одговара пред суд, бидејќи го прекршил Уставот со тоа што се прогласил за претседател на државата.
Гуаидо, претседател на Националното собрание во кое мнозинство има опозицијата, се прогласи за претседател пред три недели, повикувајќи се на уставни одредби, со тврдење дека победата на Мадуро на изборите минатата година била измама.
Поголем број западни држави го признаа Гуаидо како претседател, но Мадуро и натаму ги контролира државните институции, вклучувајќи ја и војската.
Мадуро во интервју за либанската телевизија Ал Мајадин рече дека Гуаидо сака да ја подели државата и да ја увери Владата на американскиот претседател Доналд Трамп да покрене воена интервенција.
– Доколку американската империја се осуди да допре само еден лист од палма во нашата држава, тоа ќе се претвори во нов Виетнам. Тој кој верува дека е политичка игра и дека може да го крши Уставот и законите, порано или подоцна, ќе треба да одговара пред судовите – порача Мадуро.