Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се состане в среда во Москва со советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон.
Руски официјални лица претходно денеска наведоа оти се надеваат дека со Болтон во текот на неговата посета на Москва ќе можат да разговараат и за Сирија, изјави заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео минатата недела најави дека Болтон планира посета на Москва и оти таа посета е во рамките на подготовките на средбата меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, а по тој повод Богданов изрази уверување дека тема на разговорите со Болтон би можела да биде и Сирија.