Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја одржува својата цврста линија кон мигрантите. Тој во интервју за германската телевизија „Билд“, порача дека Австрија нема да дозволи бегалци од Авганистан во земјата.
Курц рече дека ќе ги искористи сите средства за да спречи повторување на бегалскиот бран во 2015 година.
– Во тоа време, во Европа беше спроведена кампања за неограничен прием. Европските пари беа искористени за превоз на луѓе низ цела Европа, за да можат да изберат во која земја ќе поднесат барање за азил – критикува Курц.
Тој посочи дека користењето на јавниот превоз значи дека луѓето ќе бидат транспортирани од Грција за Германија или Шведска за само неколку дена.
За разлика од 2015 година, рече тој, поинтензивната заштита на границите треба да обезбеди бегалците да не стигнат до Европа. Курц рече дека смета на владите на Грција и Турција во тој поглед.
Тој смета дека е подобро да им се обезбеди помош на Авганистанците на лице место.
– Важно е луѓето во Авганистан да се снабдуваат и ние ги поддржуваме хуманитарните напори – објасни Курц.
Според него е погрешно ако страшната ситуација во Авганистан предизвика неконтролирана миграција во Европа, во која само шверцерите ќе заработат пари, а луѓето ќе умрат на море.