Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи денеска да одржи итна седница за извештајот на независни експерти за наводна корупција во тоа тело.
Истрагата на независните експерти открила дека некои сегашни и поранешени членови на ПССЕ го прекршиле кодексот на однесување и примале мито од Азербејџан.
Во извештајот на 219 страници, три од три лица, независни експерти, заклучуваат дека голем број поранешни и сегашни членови на ПССЕ „работеле спротивно на кодексот на однесување“ и биле вклучени во „активности од коруптивна природа“.
Според „Гардијан“, тие својата истрага ја ограничиле на Азербејџан, но тоа не е единствена држава против која се упатени обввинувања за постоење лобирање за пари, бидејќи обвинувања се упатени и до Турција, Украина и Русија. Извештајот содржи податоци од истрага што траела 10 месеци и се занимавала со обвинувања за подмитување во замена за лобирање, а нејзин фокус бил Азербејџан.
Според наводи од извештајот, од влегувањето во СЕ во 2001 година таа пранешна советка република направила мрежа од симпатизери, благодарение на големи подароци. Станува збор за кавијар, скапи часовници и теписи, но и престој во луксузни хотели. На тој начин автократскиот Азербејџан успеал да спречи критички извештаи за избори или состојба со човекови права, се вели во извештајот претставен во Стразбур.