Прв телефонски разговор помеѓу Џо Бајден и Си Џинпинг
Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг го одржаа првиот телефонски разговор. Во разговорот, Бајден потенцира дека приоритет за неговата земја е отворениот и слободен регион на Индотихоокеанската Област, додека кинескиот лидер истакна дека засилувањето на конфликтот ќе доведе до катастрофа за двата народи.
– Американскиот претседател му ја пренесе на кинескиот лидер својата загриженост за кршењето на човековите права во Пекинг, Хонгконг, Ксинџијанг и кинеската политика кон Тајван – се вели во соопштението на Белата куќа.
Во соопштението стои дека претседателот на Кина му соопштил на Бајден дека понатамошна конфронтација ќе доведе до катастрофа и дека двете страни треба да воспостават механизми за надминување на сите недоразбирања.
Ова беше прв официјален телефонски разговор меѓу двајцата претседатели откако кинескиот лидер разговараше со поранешниот претседател Доналд Трамп во март минатата година. Оттогаш односите меѓу двете земји достигнаа најниско ниво во последните неколку децении, а Трамп директно ја обвини Кина за ковид-пандемијата.