Доживотен затвор за силување малолетна ученичка заработи влијателниот гуру Асарам Бапу, пресуда што му ја изрече индискиот суд.
Седумдесет и седум годишниот Бапу, кој за себе смета дека е богочовек, шеф на стотици хиндуистички храмови во Индија и странство, беше обвинет дека силувал 16-годишно девојче во 2013 година во државата Раџастан во западна Индија. Тој тврдеше дека на тој начин сакал да ги истера од неа лошите духови кои ја опседнале.
Бапу повеќе пати нагласувал дека меѓу приврзанциите му се и индиски премиери и претседатели.
По пресудата, властите воведоа вонредна состојба во многу региони во државата и распоредија илјадници полицајци. Лани, кога беше осуден друг гуру за силување, имаше големи протести, во кои загинаа 38 луѓе.