Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе крајбрежјето на Тајван, а локалната сеизмолошка служба соопшти дека нема податоци за жртви и материјална штета.
Потресот бил почувствуван во североисточниот дел на островот.
Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот океан, на 62 километри од брегот, на длабочина од 10 километри под морското дно.