Претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, му испрати официјално писмо на Марк Закерберг повикувајќи го да сведочи за скандалот со Кембриџ Аналитика.
Тоа е втор јавен повик до сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук да дојде во Брисел да сведочи пред европратениците.
Тајани првпат му испрати писмо на Закерберг на 20-ти март, но тој предложи да го испрати својот заменик-претседател за надворешни работи, Џоел Каплан.
-Сите политички групи истакнаа дека вашето лично присуство е апсолутно потребно – му напиша Тајани на Закерберг.
Над два милиона европски граѓани се засегнати од злоупотребата на лични податоци од страна на Кембриџ Аналитика преку Фејсбук. Закерберг веќе сведочеше пред американските пратеници.