Во близина на аеродромот во Кабул, Авганистан, попладнево се случи експлозија, потврди портпаролот на Пентагон, Џин Кирби. Засега нема информации за жртви.
Талибански претставник тврди дека најмалку 13 лица загинале во нападот на аеродромот и дека се ранети жени и деца, како и голем број талибански чувари, пренесе Ројтерс. Засега нема официјална потврда на овие информации. Медиумите јавуваат за најмалку двајца напаѓачи.
Авганистански новинар, кој бил евакуиран од земјата пред неколку дена, вели дека експлозијата се случила во канал за отпадни води, каде што на авганистанските бегалци им биле проверувани визите. Наводно, бомбаш -самоубиец го активирал својот експлозив во толпата луѓе, пред вториот напаѓач да отвори оган.