Германското обвинителство донесе одлука за екстрадиција на поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон во Шпанија.
Пучдемон вчера приложи жалба до шпанскиот Врховен суд и побара отфрлање на обвиненијата за бунт и злоупотреба на државните фондови кои се подигнати против него заради минатогодишниот референдум за независност.
Во жалбата на 85 страници, Пучдемон ги негира обете кривични дела и тврди дека немало насилства на 1 октомври, на денот на референдумот, што е предуслов за обвинението за бунт.
Пучдемон пред повеќе од една недела беше уапсен и затворен во Германија, додека се враќаше од Финска во Белгија, каде што живееше во егзил, откако шпанскиот суд по него издаде европска потерница.