Околу илјада пожарникари се борат со пожарите во централна Португалија, во кои веќе се повредени осум пожарникари и 12 цивили, соопштија властите во земјата.
Огнот избувнал во близина на градот Кастело Бранко, на 220 километри североисточно од главниот град Лисабон. На пожарникарите им помагаат 10 противпожарни авиони и стотина возила, пренесе „АП“.
Полицијата истражува дали огнот бил намерно подметнат.
Во 2017 година во земјата изби голем пожар, пришто загинаа 107 лица.