Германија денеска, на 75-годишнината од неуспешниот атентат врз Адолф Хитлер, во Берлин им оддаде признание на заговорниците, а канцеларката Ангела Меркел рече дека има моменти во кои луѓето се обврзани на непослушност и додаде дека е неопходно да се извлечат лекции од минатото, пренесува агенцијата „Хина“.
– Ние мора да го одржуваме сеќавањето за овој настан и да му оддадеме почит, за да не избледат лекциите од минатото – рече Меркел во историскиот блок на зградата Бендлер во квартот Тиргартен, каде што денес е германското Министерство за одбрана.
На таа локација, на 20 јули 1944 година, егзекутирани биле организаторите и извршителите на неуспешниот атентат врз Адолф Хитлер, обединети околу полковникот Клаус фон Штауфенберг.
Традиционално секоја година на овој ден војниците на Бундесверот полоагаат заклетва, па така и овој пат Меркел, пред комеморацијата, присуствуваше на заклетвата на околу 400 нови германски војници.
Канцеларката од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), обраќајќи им се на војниците, рече дека сеќавањето на атентаторите е важно во актуелната борба против екстремната десница.
– Нивниот спомен не предупредува да бидеме будни и да се бориме против расизмот и национализмот во сите форми и нијанси – рече Меркел.