Според најновите извештаи на ОН и на владите на африканските земји, циклонот „Идаи“ однесе преку 550 животи во Јужна Африка.
Еден официјален претставник на ОН, повикувајќи се на владини извештаи, информира дека во циклонот животот го загубиле 242 лица во Мозамбик и 56 лица во Малави. Министерот за одбрана на Зимбабве потврди 259 смртни случаи во таа земја.
Џема Конел, шефица на хуманитарната канцеларија на ОН за Јужна и Источна Африка, изјави во Мапуто, главниот град на Мозамбик, оти стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми, особено во Мозамбик, каде што се уште се поплавени многу области.
Џема Конел ги повика земјите да им помогнат колку што е можно повеќе на оние кои останаа без храна и домови.