Белгиски борбени авиони „Ф-16“ денеска пресретнаа два руски бомбардери откако влегоа во воздушниот простор над Северното Море.
Ова се наведува во соопштението на холандското Министерство за одбрана.
Авионите, кои Министерството ги идентификуваше како стратешки бомбардери „ТУ-160-Блек Џек“, како што пренесуваат светските агенции, потоа дополнително биле надгледувани од британското воено воздухопловство, се наведува во соопштението.