Американскиот претседател Џо Бајден му се извини на францускиот колега Емануел Макрон за начинот на кој беше објавен договорот за подморниците со Велика Британија и Австралија, нарекувајќи го потегот „неспретен“.
„Она што го направивме беше неспретно и не беше направено со голема почит. Имав впечаток дека се случиле одредени работи кои не се случиле. Франција е исклучително почитуван партнер“, рече Бајден, додавајќи дека Франција е независна сила со која ги имаат истите вредности.
Бајден на средбата со францускиот претседател Макрон изјави дека Америка нема постар и полојален сојузник од Франција.
Американскиот претседател му рече на Макрон дека е импресиониран што Франција била однапред информирана дека нејзиниот договор со Австралија за испорака на конвенционални подморници ќе биде откажан.
Макрон рече дека треба да се погледне иднината и дека средбата со Бајден помогна да се врати довербата меѓу двата сојузници по несогласувањата околу воспоставувањето на безбедносниот пакт „АУКУС“.