Тројца мажи од Бруклин беа уапсени и обвинети за кражба на повеќе од 30 милиони долари во готовина и други вредни предмети од сефите во банките низ цела Европа, соопштија федералните власти. – пренесува Ен-Би-Си
Обвинетите Вал Купер (56), Алекс Левин (52) и Гари Смит (49) се товарат за заговор за перење пари и кршење на Законот за патување по низата наводни кражби помеѓу март 2015 година и октомври 2019 година во банки во Украина, Русија, Македонија, Молдавија, Летонија, Узбекистан, Азербејџан и Франција.
Според обвинението, споменатите личности биле насочени кон странски банки на кои им се чинело дека немаат одредени безбедносни карактеристики, вклучувајќи и камери за видео надзор во одредени сегменти.
Според информациите, тие отвориле сметки во филијалите на банките за да влезат во простории каде што се сместени сефовите, притоа користеле софистицирана опрема со која ја фотографирале внатрешноста на бравите на сефите. Тоа му овозможило на Смит да влезе во просториите на сефот, да ги искористи дупликатите клучеви за да ги отвори кутии и да ја украде нивната содржина, вклучувајќи пари, златни шипки, накит и др, се вели во обвинението.
„Злосторствата што ги тврдиме во ова обвинение се чинат како да се директно од фантастиката во Холивуд“, рече помошникот директор на ФБИ Вилијам Свини. Според него, крадците користеле софистицирани алатки за да ги премостат безбедносни системи во странски банки и се обиделе да ги прикријат своите траги преку „перење“ на финaнсиските средства преку американските банки“. – пренесува Ен-Би-Си