Командантот на пацифичките сили на САД, кој ја напушта функцијата, адмирал Хари Харис изјави дека Северна Кореја е најдиректна закана за САД.
– Севрна Кореја и понатаму е нашата најнепосредна закана. Северна Кореја со нуклеарни ракети кои може да допрат до САД е неприфатлива- изјави Харис при смена во командата.
Адмиралот додаде дека Кина, без активно учество на САД и сојузниците, ќе го реализоира свој сон за хегомонија во Азија.
– Би требало да соработуваме со Пеккинг каде можеме, но мора да бидеме подготвени со нив да се соочиме таму каде што мораме- рече Харис.
Од оваа функција, Харис заминува на позицијата амбасадор на САД во Јужна Кореја.