Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека новото икслучување на струјата што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје со националната мрежа ја довело нуклеарната централа чекор поблиску до катастрофа со радијација.
Зеленски рече дека за тоа е одговорно новото руско гранатирање.
– Уште еднаш, по втор пат, поради руска провокација, станицата Запорожје беше на работ на радијациска катастрофа – рече тој во својата вечерна видео порака.
Според него, гранатирањето на територијата околу нуклеарната централа значи дека на Русија не ѝ е грижа што ќе каже Меѓународната агенција за атомска енергија и оти не е загрижена што ќе одлучи меѓународната заедница.