Фото: Принт-скрин

На Украина ќе ѝ бидат потребни околу 600 милијарди долари за обнова на економијата и инфраструктурата по завршувањето на руската операција, изјави претседателот Влaдимир Зеленски на средба на високо ниво организирана од „Волстрит џурнал“.

– Сигурен сум дека по победата ќе направиме сè доволно брзо – рече Зеленски.

Тој вети и дека ќе создаде атрактивна инвестициска клима за странските компании.

– Ќе добиете пристап до нашата земја, до нашиот пазар од над 40 милиони – рече украинскиот претседател.

Украинскиот премиер Денис Шмигал беше првиот што спомна 600 милијарди долари. Тој рече дека сумата ќе биде потребна за обнова на економијата и инфраструктурата на долг рок.

Претходно, украинските власти изјавија дека странските средства на Банката на Русија, замрзнати како резултат на санкциите, може да се искористат за обнова на земјата. Украинското Министерство за економија ја процени нивната сума на 415 милијарди долари и побара од западните партнери да развијат механизам за конфискација на овие пари во корист на Киев. Според рускиот министер за финансии Антон Силуанов, Западот замрзнал околу 300 милијарди долари од 640 милијарди долари резерви на Централната банка во странство.