Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека „Европа повеќе не е континент на мирот“ и дека рускиот претседател Владимир Путин е „заеднички непријател“ на Украина и Европа.
– Живееме во време кога Европа повеќе не е континент на мирот“, изјави украинскиот претседател пред француските парламентарци – јави Бета.
Тој додаде дека руската инвазија врз Украина „го врати нацизмот во Европа“.
Зеленски кажа дека мировниот самит закажан за 15 и 16 јуни во Швајцарија може да ја доближи Украина до „праведниот крај на војната“.
– Мировниот самит може да не донесе поблиску до праведен крај на оваа војна – рече украинскиот претседател една недела пред почетокот на меѓународната конференција.
На самитот во Швајцарија се поканети повеќе од сто земји и организации, но не и Русија, која ја започна инвазијата врз Украина во февруари 2022 година.