Украинскиот претседател Влaдимир Зеленски изјави дека не може да исклучи ескалација и понатамошни тензии со Русија, но ја критикува преголемата паника што ја оптоварува економијата.
– Мислам дека ситуацијата сега не е понапната отколку порано. Во странство имаат чувство дека овде има војна. Тоа не е така. Не велам дека ескалацијата не е можна, но нам не ни треба оваа паника – рече Зеленски на прес-конференција.
Тој истакна дека тоа е гаранцијата што му ја дал на американскиот претседател Џозеф Бајден во вчерашниот телефонски разговор.
Зеленски исто така потврди дека Украина ја стабилизирала својата валута со девизните резерви, како и дека бара воена, политичка и економска поддршка од Западот и нагласи дека на земјата ѝ се потребни 4 до 5 милијарди долари за да ја стабилизира својата економија.
Неговата изјава дојде откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека САД и НАТО не одговориле на главниот безбедносен повик на Москва во конфликтот меѓу Истокот и Западот за Украина, но дека Москва е подготвена да ги продолжи разговорите, наведуваат агенциите.