Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети Буча, место каде веќе неколку дена пристигнуваат снимки и фотографии од телата на убиените цивили на улиците.
Тој кратко разговараше со новинарите кои го следеа, велејќи дека е „многу тешко да се преговара со Русија по масакрот што го извршија руските сили во Буча“.
-Масакрот во Буча ја покажува природата на руската армија-рече Зеленски, додавајќи дека „тие се однесуваат со луѓето полошо од животните“.
Тој предупреди дека ситуацијата ќе се влошува „колку повеќе Руската Федерација ги одложува преговорите со Украина“.