Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија можела да ја нападне Украина со рекорден број беспилотни летала само затоа што ги заобиколила санкциите.

-Русија синоќа ја нападна Украина, лансирајќи рекорден број ударни дронови – 188, кон нашиот народ. Сакам да им се заблагодарам на нашите бранители на небото што го одбија нападот. Околу 80 беспилотни летала беа соборени, а повеќе од 90 беа изгубени поради пореметување на локацијата. За жал, дојдоа до оштетување на нашата клучна инфраструктура – рече Зеленски, пренесен од украински Интерфакс.

Украинскиот претседател додаде дека во секој од 188-те беспилотни летала има по 85 странски компоненти.

– Секоја од нив содржи 85 компоненти произведени од странство, вкупно речиси 16.000, без кои дроновите не би можеле да се покренат. Овие напади се можни само поради способноста на Русија да ги заобиколи санкциите преку различни шеми – рече украинскиот лидер.

Зеленски им се заблагодари на „сите во светот што ги блокираат таквите испораки, но додаде дека е потребна повеќе заедничка работа за да функционираат санкциите и да се принуди Русија да ја прекине оваа војна.

– Ако сте против војна, навистина мора да бидете против руското заобиколување на санкциите – заклучи Зеленски.