Во своето последно обраќање, претседателот на Украина, Влaдимир Зеленски, рече дека Украинците треба да бидат горди што преживеале 50 дена под руски напад.
– Поминавме 50 дена. Педесет дена од руската инвазија, иако окупаторите ни дадоа најмногу пет дена – нагласи Зеленски и го опиша како достигнување на милиони Украинци кои ја донеле најважната одлука во нивните животи на 24 февруари – денот кога започнаа воените дејствија.
Тој исто така рече дека се сеќава на првиот ден од инвазијата кога западните лидери го советуваа да избега од Украина.
– Не знаеја колку сме храбри ние Украинците, колку ја цениме слободата и можноста да живееме како што сакаме. Во текот на 50-те дена од оваа војна, Украина стана херој за целиот слободен свет. За оние кои не се трујат со пропаганда. Сите станавте херои. Сите Украинци кои издржаа и не се откажуваат. И ќе победиме. Во тоа сум сигурен – рече Зеленски.