Угледниот швајцарски весник „Тагес ангеајзер“ (Tages Angeizer) објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побарал од својот швајцарски колега да дејствува како неутрален посредник меѓу Украина и Русија и да помогне за прекин на огнот меѓу двете земји, објави Асошиејтед прес (АП).
Весникот објавува дека барањето за швајцарскиот претседател Игнацио Касис доаѓа во контекст на претстојниот состанок на Советот за човекови права во Женева што почнува в понеделник, на кој во вторник треба да присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Портпаролот на министерството Андреас Хелер изјавил за АП дека не може веднаш да потврди дали имало таква комуникација меѓу двајцата претседатели, но вели дека Швајцарија е подготвена да ги понуди своите услуги за секој вид таква иницијатива.