Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, откако беше официјално објавено дека Европската унија го воведе десеттиот пакет санкции против Русија, изјави дека сега треба да се воведат санкции против Росатом, руската државна корпорација за атомска енергија.
– Десеттиот пакет санкции се насочени кон руската воена индустрија, пропаганда и финансиски систем. Притисокот врз рускиот агресор мора да се зголеми. Очекуваме решителни чекори против Росатом и руската нуклеарна индустрија, а очекуваме и поголем притисок врз војската и банкарството – напиша Зеленски на Твитер.