Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска ја повика Шведска да помогне во обнова на Украина, еден месец откако ја нападна Русија.
– Сега е веќе цел месец. Не сме виделе вакви разурнувања од Втората светска војна. Видете што и направи руската војска на нашата земја – изјави Зеленски пред пратениците во шведскиот парламент преку видео врска.
Зеленски, рече дека едномесечното руско бомбардирање на Украина е слично со тоа што светот го виде во Сирија.
Додаде дека десет милиони жители на Украина се раселени и ги повика „шведските компании и државата да дојдат и помогнат во обнова“ на земјата.
Во своето обраќање пред шведските парламентарци, Зеленски, предупреди на можноста Русија да употреби нуклеарно и хемиско оружје.