Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се заблагодари на украинските војници кои ги протераа руските војници од Харков.
-227. баталјон на 127 бригада за територијална одбрана на Украина! Ви благодарам многу-изјави Зеленски во видео пораката објавена на Инстаграм, пренесува Би-би-си.
Зеленски упати благодарност до војниците во име на сите Украинци, него и неговото семејство.
-Мојата благодарност нема граници. Ви посакувам на сите здравје и внимавајте-рече Зеленски.
Украинските војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави претходно денеска регионалниот гувернер Олех Синегубов.
Британските медиуми наведуваат дека Украина го враќа владението врз територијата на североистокот од земјата, истуркувајќи ги руските сили подалеку од Харков, вториот по големина град во Украина.