Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, посети ранета 16-годишна тинејџерка во болница во Киев и од неа дозна дека е ѕвезда на социјалната мрежа Тикток.
Катја Власенко и нејзиното семејство беа цел на напади додека се обидуваа да побегнат од Киев. Според извештаите, Катја со своето тело го заштитила својот помал брат (8) за време на рускиот напад додека со автомобил бегала од родниот град.
Во четвртокот ја посети претседателот на Украина, кој беше пофален во целиот свет за неговата храброст, а таа му ја пренесе радосната вест.
„Сите те поддржуваат на Тикток, му рече Катја на претседателот“, што го насмеа.
„Значи го зедовме Тикток“, ја праша Зеленски.
„Сите зборуваат за тебе, сѐ е за тебе“, одговори таа.
Зеленски ѝ подари букет цвеќе додека девојчето лежеше во креветот.
„Не е лесно, но постапуваме правилно“, рекол Зеленски.