Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен денеска го посети Киев, каде имаше средба со украинските претседател и премиер, Владимир Зеленски и Денис Шмихал.
По тој повод, Зеленски на шефицата на ЕК ѝ го врачи орденот Јарослав Мудриот.
– Ова е голема чест. Го прифаќам одликувањето во име на сите граѓани на ЕУ и како симбол на нашите силни односи – напиша Фон дер Лејен на Твитер.
Украина се обидува да влезе во Европската Унија од почетокот на војната, а во јули и официјално доби статус на земја-членка.