Петмина затвореници зеле двајца чувари како заложници во притворен центар во јужниот руски регион Ростов. Тие тврдат дека се поддржувачи на ИСИЛ, објави Телеграмскиот канал Баз, повикувајќи се на извори во руската полиција.
Руската федерална затворска служба претходно објави дека приведените зеле како заложници двајца вработени во истражниот затвор во Ростов, пренесе „Хина“, повикувајќи се на „Ројтерс“.
Агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на неименувани извори, јави дека уапсените побарале автомобил и слободно излегување од затворскиот центар.
Тие тврдат дека се членови на терористичката организација Исламска држава, која е забранета во Руската Федерација. Затворениците се вооружени со ножеви и остри предмети.
Руските медиуми, повикувајќи се на упатен извор, наведуваат дека оперативен офицер и надзорник во истражниот затвор во Ростовскаја биле земени како заложници, а затворениците кои ги заробиле се товарат за тероризам.
Агенцијата наведува дека преговорите за ослободување на заложниците се во тек и дека на лице место се шефот на регионалниот штаб на Федералната поправна служба и претставници на органите на прогонот и обвинителството.
Институцијата работи вообичаено, ситуацијата е под контрола“, стои во пораката на службата во апликацијата за пораки „Телеграм“. Се додава дека на лице место биле повикани органите на редот.
Патниот сообраќај околу центарот е ограничен, јавуваат руските агенции.