Фото: Инстаграм профил/ Марија Захарова

Главниот резултат од Самитот на Г7 е признавањето на огромната штета предизвикана од антируските санкции и ударот кој со тоа западните земји си го нанесоа себеси – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Главниот резултат од состанокот на Г7 беше признавањето на повеќемилијардерската штета предизвикана од антируските санкции – наведе Захарова во објава на „Телеграм“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на маргините на самитот во Канада изјави дека не сака да ги заостри санкциите против Русија, бидејќи тоа ги чини САД многу пари, и дека станува збор за „милиони и милијарди“.