Тројца пилоти на американската армија загинаа откако два хеликоптери „Апачи“ се урнаа во централна Алјаска додека се враќаа од обука, објави „Вашингтон пост“ доцна синоќа, цитирајќи воени претставници.
Хеликоптери АХ-64 Апачи од Форт Вејнрајт, американска воена база во Алјаска, се урнаа во близина на Хили – објави 11-та воздушна дивизија на Фејсбук.
– Првата помош е на местото на настанот. Инцидентот е под истрага – соопштија од воената единица, без да соопштат детали за несреќата.
Претставниците на американската војска не одговорија веднаш за истрагата за жртви.
Минатиот месец деветмина војници загинаа во пад на два медицински хеликоптери за евакуација Блек Хок за време на рутинска ноќна мисија над Кентаки.